Електронско јавно наддавање за државно земјиште за изградба на винарии

Bez autora
Sep 22 2011

Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на државата по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на винарии. Станува збор за 41 локација кои се наоѓаат долж „Винскиот пат“ во општините Кавадарци, Неготино и Росоман, а целта е привлекување што поголем број домашни и странски инвестиции, како и отворање нови работни места. Предмет на јавното наддавање се осум градежни парцели кои се наоѓаат во општина Росоман со површина од 2.150 до 2.406 метри квадратни, 12 градежни парцели во општина Кавадарци со површина од 1.838 до 3.595 метри квадратни и 21 градежна парцела во општина Неготино со површина од 1.520 до 5.910 метри квадратни. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање за земјиштето во општина Росоман може да се достават најдоцна до 27 октомври, за општина Кавадарци до 26 октомври, а за општина Неготино најдоцна до 28 октомври.

Електронско јавно наддавање за државно земјиште за изградба на винарииМинистерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на државата по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на винарии.

Станува збор за 41 локација кои се наоѓаат долж „Винскиот пат“ во општините Кавадарци, Неготино и Росоман, а целта е привлекување што поголем број домашни и странски инвестиции, како и отворање нови работни места.

Како што соопштуваат од Министерството за транспорт и врски, предмет на јавното наддавање се осум градежни парцели кои се наоѓаат во општина Росоман со површина од 2.150 до 2.406 метри квадратни, 12 градежни парцели во општина Кавадарци со површина од 1.838 до 3.595 метри квадратни и 21 градежна парцела во општина Неготино со површина од 1.520 до 5.910 метри квадратни.

Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање за земјиштето во општина Росоман може да се достават најдоцна до 27 октомври, за општина Кавадарци до 26 октомври, а за општина Неготино најдоцна до 28 октомври.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik